Избор на уредникот

Кинезите им се заканија на Американците: Објавено видео од „напад“ на американска воена база…

Симулација на кинески напад на воена база идентична како базата „Андерсен“ на американското воено воздухопловство на островот Гуам во Тихиот океан е темата на најновото промовидео на кинеското воено воздухопловство.

На видеото кое беше објавено во саботата се појавуваат кинеските “H-6” бомбардери кои можат да носат нуклеарно вооружување. На средината на видеото, кинескиот пилот притиска копче и лансира ракета кон мета која неодоливо потсетува на сателитските снимки од споменатата американска воена база.

Видеото е наречено „Богот на војната “H-6” тргнува во напад“, а интересно е тоа што се монтирани елементи од американски блокбастер филмови. Освен драматичната музика, се појавуваат сцени од филмот Transformers: Revenge Of The Fallen, додека експлозијата после ударот на ракетата во целта е преземена од филмот The Rock.

Провокативното кинеско видео кое потсетува на севернокорејската пропаганда е објавено додека траат тензиите помеѓу Пекинг и Вашингтон поврзани со Јужното кинеско море и околината, односно најмногу Тајван кој Кинезите го сметаат за своја територија.

Кинезите ги предупредуваат Американците да не го користат Тајван за да наметнуваат влијание во регионот, па така видеото може да се протолкува како директна закана до Вашингтон.

Исто така, Кина веќе долг период ги повикува Американците да ги прекинат своите операции во водите на Јужното кинеско море за да не дојде до „можна воена несреќа“, меѓутоа Американците тврдат дека имаат целосно право да пловат во меѓународни води.

Поврзани вести

Back to top button