Ана Ванкова: Магистер сум по молекуларна медецина, а ме тераа да волонтирам за 11 илјади, сега сум во Шведска
Aна Ванкова откако магистрирала на молекуларна медецина во Норвешка се вратила во Македонија во обид да пронајде работа, за жал нејзиниот обид бил безуспешен.
Во продолжение нејзинот Фејсбук статус
„По повеќе од два месеци поминати во Стокхолм чуствувам потреба да си кажам што ми лежи на душичкава.
На кратко мојата приказна изгледа нешто вака:
Откако магистрирав со магистер по молекуларна медицина во Норвешка, полна носталгија, новостекната самодоверба и надеж се вратив во мојата родна државичка.
Така наивно мислев дека после 6 години учење еве дојде моментот кога конечно ќе можам пристојно да заработувам и да сум блиску до фамилија и друштво. Па така си го стокмив резимето и почнав со апликации. Најпрво контактирав бивши професори и професори на фармација и медицина, вработени во МАНУ за каков било совет за позиција или потенцијална соработка на проекти. Не добив ни еден повратен е-меил.
Турив пепел на тој план, почнав со апликации по лаборатории. Наидов на неколку понуди кои гласеа нешто вака: “За почеток ќе волонтираш неколку месеци за да видиме како ќе се снајдеш а после ќе правиме муабет за почетна од 21 илјада” или од една наша позната приватна болница: ” Моментално немаме отворена позиција, ќе те контактираме кога ќе се отвори место за волонтирање”.
Добив и неколку директни понуди од “11-15 илјади почетна плата со голем потенцијал за покачување во зависност од твојот труд”.
Значи, треба да сум возбудена за понуда со која треба да си најдам мотивација за да се дупнам од работа за така привлечни потенцијални 18 илјади при што во меѓу време треба да преживеам со 15 илјади со кои треба да платам: храна, кирија, сметки и да остане нешто за некое кафе….а веќе снема пари меѓу храна и кирија…и сето тоа на крај ќе се сведе на продолжен џепарлак од моите на 26 години?
Не, фала.
За среќа мизеријава ме мотивираше дополнително да на сред пандемија успеам да стигнам во Стокхолм и конечно да осетам што значи едвај да чекаш понеделник!
Епа едно искрено ФАЛА. Се надевам дека државава ќе продолжи вака да ги мотивира младите да веруваат во себе и да ги реализираат своите потенцијали“.
По повеќе од два месеци поминати во Стокхолм чуствувам потреба да си кажам што ми лежи на душичкава.
На кратко мојата…Posted by Ana Vankova on Недела, 23 август 2020