Се укинува техничката влада, со новата влада во последните сто дена ќе раководи Албанец
ДУИ ќе предложи премиер на сто дена пред завршување на мандатот на оваа Влада. Ова, меѓу другото, е договорено меѓу лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети. Заев денеска изјави дека дел од нивниот договор е укинување на техничка влада и премиер за која што поддршка дава и најголемата опозициска партија ВМРО – ДПМНЕ.
– Техничка влада се укинува, технички премиер се укинува, а на сто дена пред истекот на мандатот на владата коалиционите партнери СДСМ и ДУИ, на предлог на ДУИ, ќе го постават премиерот. Тој ќе ја води владата во последните 100 дена од редовниот мандат, рече Заев.
Ова, како што кажа, ќе го елаборира пред највисокиот партиски органи. За него ова е градење доверба и партнерство.
-Верувам дека тоа го јакне партнерството, а тоа ќе ги осигура граѓаните. На крајот имала РСМ министер за надворешни работи Албанец, министер за одбрана, председател на Собрание,…, државата продолжува да биде сигурна, безбедна, напредна, успешна… Мене ми е голема чест што успеавме да постигнеме коалициски договор во којшто ја добивам токму јас честа да бидам претседател на идната македонска влада во полн четиригодишен мандат, потенцираше Заев.
Ахмети изјави дека идејата била да се доближат граѓани и заедниците, а не да се раздвојат.
– Мора да му признаам на Заев за храборска дека ќе има премиер Албанец во псоедните 100 дена од оваа влада. Направивме многу важни равпот. Ова с егодини на храбри одлукиу, а храбри одлуки носта храбри луѓе
-Морам да му признаам на Заев за храброста и да поздравам дека ќе има Албанец премиер во последните сто дена од оваа влада. Многу значајни, битни и храбри работи направивме. Ова се години на храбри одлуки кои ги носат само храбри луѓе, истакна Ахмети.
Беса и ДПА, партии што ќе бидат дел од владината коалиција, веќе биле консултирани за овој предлог и тие го поддржуваат.