ЖивотИзбор на уредникотТоп

Корона е само вежба за нова биолошка војна, предупредување на руските лекари

Изјавата на познатиот руски хирург Леонид Рошаљ, дека корона пандемијата е проверка на здравствениот систем во евентуална биолошка војна, одекна во целиот свет. Рошаљ истакна дека светот не е подготвен да се бори бидејќи немал доволно заштитна опрема или медицински персонал.

„Ние мора да бидеме подготвени да реагираме брзо на ваквите катастрофи, како и на терористичките напади. Системот мора да биде подготвен за вакви ситуации“, рече овој педијатриски хирург.

Биолошкото војување вклучува употреба на вируси, микроорганизми и бактериски токсини кои би ја заразувале армијата, населението и добитокот на непријателот. Како и многу други руски научници, д-р Рошаљ вели дека нема доволно докази дека короната ја направил човекот.

„Не сум виролог, па не можам да зборувам за потеклото, но неспорно е дека Ковид- 19 беше тест за сите нас колку сме подготвени за биолошко војување. Корона не може да го уништи човештвото, но веќе направи огромни штети“, рече тој.

Рошаљ оцени дека епидемијата е „повторување на биолошката војна“, со која се согласи полковникот на воената медицинска служба, Борис Героков.

„Корона може да биде прототип на биолошко оружје, претходно се сметаше дека може да се користат само смртоносни инфекции, но по короната, тој пристап кон биолошкото војување може да се промени“, рече тој.

Героков додаде дека наскоро може да се појави уште еден сличен вирус, кој не мора да убива многу луѓе, но може да ги исфрли од функција армијата и економијата.

Раководителот на институтот „Курчатов“ во Москва, Михаил Коваљчук, беше првиот од оние што се сомневаа дека короната е од лабораторијата. Тој исто така го спомена „тестирањето на атомските бомби пред да бидат фрлени на Хирошима и Нагасаки“.

„Опасноста од биолошко оружје е сега поголема затоа што е можно да се направи вештачки вирус, што би претставувало средство за масовно убиство. Но, оние што би го направиле, мора да бидат свесни дека и другите, заради паритетот, можат да го направат тоа“, рече тој.

Ковалчук ​​не сакаше да спомне ниту една специфична земја.

Руските експерти се согласуваат со фактот дека оваа земја имала многу среќа што реформаторите на Елцин не успеале да го срушат медицинскиот модел. Поради тоа, Русија брзо ги активираше лабораториите за дијагностика, а потоа во рекордно време изгради болници опремени со најсовремен метод.

Поврзани вести

Back to top button