Избор на уредникотМакедонија

Апасиев: Се моли Шекеринска да иде у пи*ку матер!

Пратеникот од редовите на Левица, Димитар Апасиев, на својот Фејсбук профил ѝ порача на министерката за одбрана Радмила Шекеринска „да оди во пи*ку матер, од Карпалак, па лево“.

Тој овој статус го напиша на денот кога се одбележуваше 19-годишнината од загинувањето на 10 армиски резервисти кај месноста Карпалак, порачувајќи ѝ на Шекеринска дека е министерка за одбрана на УЧК.

„Се моли Шекеринска да иде у пичку матер. Од Карпалак, па лево! #МинистеркаЗаОдбранаНаУЧК“, напиша Апасиев на Фејсбук.

На ова реагираше портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, кој му порача на Апасиев да ги врати парите од СЈО и дека такви фашиисти како него не ѝ требаат на државава.

Засега нема реакција од Шекеринска.

Поврзани вести

Back to top button