Избор на уредникотМакедонија

Ромски улични свадбари во Велес, ниту носат маски, ниту држат растојание (ВИДЕО)

Ниту вчерашниот неславен рекорд од 241 заразени во земјава од коронавирус, ниту „црните“ сценарија на американскиот Институт за здравствени мерења од Сиетл дека ако не се почитуваат мерките, во Македонија до 1 ноември ќе починат 1800 луѓе од вирусот, не ги поколебаа овие жители на Велес од ромска националност да си организираат свадба, без носење маски и држење растојание, пишува порталот Батали.нет

Ова се случува денеска низ улиците на градот, поточно на ширинката кај јаворот, во близина на црквата „Света богородица“. Иако забраната за организирање веселби поради опасност од ширење на вирусот се уште е на сила, овие луѓе го прекршуваат законот, а засега, надлежните ги нема да реагираат. Со ваквото однесување, овие луѓе го доведуваат во опасност и сопственото, но и здравјето на сите граѓани.

Поврзани вести

Back to top button