Назим Буши претседател на Одбор на директори на Телеком и поранешен командант на ОНА зема околу 5 илјади евра плата
Македонски телеком на Македонска берза ги објави надоместоците исплатени на членовите на Одборот на директори кои ги назначува Владата. Податоците за исплатените надоместоци се објавени во Годишниот извештај за работењето на Македонски телеком АД Скопје во 2019 година.
Еве какви насоместоци, според „Податоците за примања во Македонски Телеком и во други друштва доколку членот е член на органи на управување и во други друштва (плата, надоместоци на плата, надоместок за членство, бонус, осигурување и други права)“, примале членовите на Одборот на директори назначени од Владата.
- Назим Буши кој е неизвршен член и претседател на Одбор на директори лани земал 310.000 денари месечен надоместок за членство.
- Сашо Велевски неизвршен член и заменик-претседател на Одборот на директори месечно добивал по 93.000 денари надоместок.
- Сашо Симјановски како неизвршен член на Одбор на директори месечно добивал по 62.000 денари надоместок за член.
- Мирослав Вујиќ исто така неизвршен член на Одборот на директори семал надоместок во износ од 62.000 денари.
- Дивна Јовковска-Ефремоска која е независен член на Одборот на директори исто така месечно добивала 62.000 денари како надоместок за членство.
- Замир Мехмед, независен член на Одборот на директори земал месечен надоместок од 62.000 денари.
Телеком ги објави и податоците за платите и надоместоците за членовите на Одборот на директори назначени од Владата кои се вработени и кај друг работодавач, но како што е наведено ги објавува онака како што му се претставени и не гарантира за точноста.
Податоци има за Назим Буши кој е вработен во општина Чаир, за Сашо Велевски кој работи во Микрон Прилеп, за адвокатот Мирослав Вујиќ, вработен во сопствена адвокатура и за Сашо Симјановски кој е вработен во ТТК Банка. Буши во Општина Чаир, според овие податоци зема плата од 24.000 денари.
Телеком, меѓутоа не ги објавува податоците за исплатените плати, надоместоци, бонуси, осигурувања и други права за членовите на органите на управување и соработниците странски државјани кои не се назначени од Владата.
Одборот на директори на Македонски Телеком АД – Скопје го сочинуваат:
- Назим Буши – неизвршен член и Претседател
- Сашо Велески- неизвршен член и Заменик Претседател
- Никола Љушев – извршен член и ГИД
- Андреас Маиерхофер – неизвршен член
- Карој Швејнингер – неизвршен член
- Лубор Жатко – неизвршен член
- Борче Сиљаноски – неизвршен член
- Владимир Ивановски – неизвршен член
- Мирослав Вујиќ – неизвршен член
- Сашо Симјановски – неизвршен член
- Петер Фаил – независен член
- Мартин Ренер – независен член
- Замир Мехмед – независен член
- Дивна Јовковска – Ефтимоска – независен член
Назим Буши, актуелен оперативен директор во „Телеком“ е висок функцонер во ДУИ и поранешен командант на ОНА во кумановскиот регион.