Избор на уредникотСвет

Светски шампион во борбата со вирусот: Се граничат со Кина, имаат 97 милиони жители и ниедна жртва

Експертите не престануваат да ги анализираат мерките на комунистичката земја.

Виетнам, иако има долга граница со Кина и популација од околу 97 милиони жители, немаат жртви од коронавирусот, а потврдени се само околу 300 случаи. Минал еден месец од последната трансмисија на вирусот, па властите донеле одлука за отворање на земјата. Експертите велат дека Виетнам избегнал катастрофа така што реагирал на време.

Вовеле, имено, многу строги мерки кои успеале да го спречат ширењето на вирусот. Веќе на почетокот на јануари, иако немале ниеден потврден случај на “Covid-19”, виетнамските власти преземале драстична акција во борбата против мистериозниот вирус кој во тој момент убил две лица во Вухан.

“Виетнам многу брзо реагираше на екстремен начин, но мерките беа многу разумни”, вели професорот Гај Твејтс, директор на единицата за клинички истражувања на Оксфорд во Хо Ши Мин, кој соработувал со владата на подрачјето на сузбивање на заразни болести.

Така биле воведени забрани за патување, строг надзор на состојбата и затворена била границата со Кина, која граѓаните можеле да ја минат само со интензивни проверки на граничните премини. Училиштата биле веднаш затворени, за да отворат кон средината на мај, пишува “BBC”.

Имаат богато искуство со епидемии

Твејтс објаснува дека Виетнам е земја која има големо искуство со заразни болести, уште од појавата на САРС во 2003-та година, до птичјиот грип во 2010-та година, како и епидемиите на сипаници и денга грозницата која ја пренесуваат комарци. Поради своето лошо искуство со заразите, тамошните власти, објаснува Твејтс, со епидемијата се носат веројатно подобро и од побогатите земји.

Една од мерките кои веднаш биле воведени е дека секој што влегува во земјата ќе биде пратен во двонеделен карантин како и секој кој имал било каков контакт со заразена личност. Условите во карантин не биле добри – една жена од Австралија посведочила дека морала да спие во соба во која имало само душек, без перница и покривач, како и само еден мал вентилатор во жешката просторија.

Воведени биле и масовни тестирања на сите кои “завршиле” во карантин, а Твејтс смета дека за околу 40 проценти од случаите не би се знаело без тој потег. Станува збор за заболени лица кои се тестирани иако немале никакви симптоми, а се воспоставило дека се позитивни на “Sars-CoV-2”.

“Кога имате толку асимптоматски пациенти, контролата е единствената работа која треба да ја правите. Ако Виетнам не ги затвореше тие луѓе, тие неконтролирано би шетале и би го разнесувале вирусот”, објаснува Твејтс.

Никогаш не биле во целосна блокада

Виетнамските власти никогаш не вовеле целосна блокада на земјата, но брзо реагирале на појавата на жариштата. Во градот Сон Лои северно од Ханој, повеќе од десет илјади луѓе биле сосема отсечени од остатокот од светот по избивањето на заразата, а слично нешто се случило и Ха Лои, град со 11.000 жители. Никој не смеел да влезе и да излезе од тие градови, се додека најмалку две недели нема ниеден потврден случај.

Иако во Виетнам на сила е еднопартиски режим, властите многу добро комуницирале со народот во време на кризата. На сите им биле праќани редовни СМС пораки со најнови информации околу воведените мерки, и совети како да се заштитат од коронавирусот. Пропагандата, сметаат експертите, на некој начин ја вовела нацијата во “воена состојба”, поради што општеството имало чувство на борба против заеднички непријател.

Поради тоа во Виетнам има премногу ниски бројки на заразеност, што некои дури и се посомневале во нивната вистинитост. Сепак, експертите велат дека нема причини да постојат сомнежи.

“Можеби не сме го забележале апсолутно секој случај, но затскривање апсолутно нема, во тоа сум уверен”, вели Твејтс.

Случајот со Виетнам, чија економија закрепнува а општеството се враќа во нормала, покажува дека рестриктивните мерки за превенција се најдобар начин за отстранување на проблемите со коронавирусот, заклучува “BBC”.

Поврзани вести

Back to top button