ФОТО: Жена на 65 години родила четири деца
Жените кои решаваат да раѓаат после 40тата година не се реткост во денешно време, но ретки се оние кои раѓаат четиризнаци над оваа возраст.
Германката Анегрет Раунинг станала мајка на 65 годишна возраст по 13 пат. Точно така. Таа има 13 други деца и од кои има одгледано 7 внучиња. Нејзината најмала ќерка која била на 10 годишна возраст сакал да си има мало братче или сестричка за да си играат заедно, чекор поради кој незината мајка се решила за нова ин-витро процедура. По првиот обид, лекарите и кажале дека е оплодена со 4 јајце клетки и ја прашале дали сака да ги задржи сите, на кое таа се согласила.
Анегрет е учителка по професија и сите нејзини деца ги одгледала самостојно. А сега, одкако ги родила последните четири дечиња влегла во гинисовата книга на рекорди. Таа живеела во стан во Берлин, но по раѓањето на дечињата таа решила да се пресели во куќа во Хестер.
Освен државата, која и дала две премии за раѓањето на близначињата, таа склучила и договори со две телевизии да го следат нивниот живот, при што нема да има потреба да работи.