ЖивотЗдравје

Француските научници ќе го испитуваат влијанието на никотинот врз Ковид-19

Француските научници ќе почнат испитување врз луѓе со цел да ја тестираат претпоставката дека никотинот може да помогне во броба со новиот коронавирус.

Испитувањето ќе биде спроведено врз група здравствени работниви и пациенти, кои ќе носат никотински фластери, како и врз група луѓе кои ќе добијат плацебо фластери. Тестирањето треба да открие дали постои разлика во реакцијата на нивните тела на Ковид-19. Испитувањето е продолжение на француската научна студија објавена претходно, во која се тврди дека пушачите имаат 80 отсто помали шанси да се заразат со новиот коронавирус од непушачите на иста возраст.

Научниците истакнуваат дека ќе се испитува влијанието на никотинот, а не на тутунот и цигарите, кои се штетни по здравјето на човекот. Никотинот е природен алкалоид, што се наоѓа во тутунот.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button