ЖивотИзбор на уредникот

Научниците ги повикаа пушачите да се откажат од пушењето поради коронавирусот

„Најдоброто нешто што тутунската индустрија може да го стори во борбата против ковид-19 е веднаш да престане со производство, маркетинг и продажба на тутун“, рече Ган Куан, здравствен работник и директор на меѓународниот синдикат за борба против туберкулоза и белодробни заболувања.

Група експерти од областа на респираторни болести и специјалисти за белодробни заболувања е крајно загрижена за влијанието на ковид-19 врз 1,3 милијарди пушачи во светот, особено во оние земји каде здравствениот систем не е најдобар.

Пушењето е познато дека го слабее имунитетот, го ослабува во реакцијата против инфекциите. Пушачите исто така може да имаат белодробно заболување или намален капацитет на белите дробови, што значително го зголемува ризикот од поголемо заболување.

Куан апелираше до сите влади во светот дека имаат „морален императив“ да ги советуваат пушачите да се откажат.

„Ова е апсолутно најдобро време да престанете да пушите“, додаде Куан.

Неговиот синдикат објави студија во која се вели дека голем број пациенти заразени со коронавирус во Кина или други земји биле пушачи и дека болеста кај нив побрзо се ширела и имале поголеми компликации, како што е отежнато дишење.

Студијата била спроведена на повеќе од 1.000 пациенти и во февруари е објавена од страна на Медицинскиот журнал на Нова Англија, во која се вели дека пушачите, без оглед дали се поранешни или сегашни, обично поминуваат полошо од другите заразени со коронавирус. Пушачите исто така во 25 проценти од случаите имале потреба од вентилатори и интензивна нега, а многу и починале.

Светската здравствена организација (СЗО) и Европскиот центар за контрола и спречување на болести (ЕЦДЦП) исто така предупредуваат дека пушењето ги изложува луѓето на сериозни компликации со болеста ковид-19.

Поврзани вести

Back to top button