Избор на уредникотМакедонија

Вознемирувачко видео: Приведени насилниците кои тепаат девојче во Штип

Видео со вознемирувачка содржина е поставено на социјалните мрежи и тоа од две момчиња во Штип, каде се гледа како тепаат девојче.

Од она што може да се слушне од видеото, наводно девојката е бремена од едниот од напаѓачите, а тој ѝ се заканува.

Таа седи во ќош, а тој со клоци ја удира по слабините, додека неговиот другар снима.

Видеото се рашири низ социјалните мрежи, а корисниците бараат МВР да ги пронајде насилниците, кои веќе ги идентификуваа и објавуваат нивни фотографии.

Дополнителната министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска на Фејсбук објави дека лицата веќе се приведени.

„Почитувани, на социјалните мрежи се споделува видео со навистина вознемирувачка содржина, кое содржи очигледни елементи на насилство. Ве известувам дека лицата се идентификувани, Бирото за јавна безбедност постапува. Постапува и Центарот за социјални работи. Најстроги санкции за ваквото нечовечко однесување“, напиша заменичката министер Петровска.

Поврзани вести

Back to top button