Избор на уредникотМакедонија

Од утре вечер се воведува полициски час

Владата донесе одлука за воведување полициски час од утре вечер како најрестриктивна мерка за спречување на ширењето на корона вирусот. Ова на својот ФБ профил пред кусо време го објави техничкиот премиер Оливер Спасовски.

„Вечерва на седница на Владата на Република Северна Македонија, донесовме одлука за воведување најрадикални мерки , со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните од корона вирусот, напиша премиерот Спасовски. Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час). Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден! Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата“, порача Спасовски.

Поврзани вести

Back to top button