Македонија

Повеќе македонски државјани се со симптоми на корона вирус во авион кој слетал во Скопје

Повеќе македонски државјани се со симптоми на корона вирус во авион кој слетал на скопскиот аеродром од Брисел, се чекаат резултати од тестовите.

На скопскиот аеродром вечерва слетал авион од Брисел, во кој неколку патници се со симптоми на грип. Тие веднаш ќе бидат однесени на тестирање, а останатите патници ќе бидат задржани на аеродром сѐ додека на се добијат резултатите од тестирањето на болните пациенти, изјави вечерва министерот за здравство Венко Филипче.

„Слетан е авион од Брисел во кои повеќе луѓе имаат симптоми. Тие веднаш ќе бидат пренесени на тестирање, а останатите ќе бидат задржани на аеродром додека не стигнат резулатите. Кога ќе стигнат резулатите од тестирањето, ќе се направат анализи дали останатите патници ќе бидат ставени во групен карантин, се разбира доколку се потврди дека некој е позитивен на вирусот“, рече Филипче.

Поврзани вести

Back to top button