Македонија

Околу 200 патници од странство ќе бидат карантин во Криволак, бројот на заразени може да достигне 2.000

Околу 200 македонски државјани кои беа заглавени на унгарско-српската граница ќе бидат ставени во групен карантин. Најголем дел од овие лица работеле во ризичните региони во Италија, а дел и во Австрија.

-Сите тие ќе одат во групен карантин во касарна во Пепелиште во „Криволак“ каде што се обезбедени услови, снабдување со храна, медицинска поддршка за проверка, прегледи и соодветно обезбедување, рече Филипче.

Министерот Филипче информира дека капацитетите на Инфективната клиника е подготвен и оти во секоја соба може да се постават респираторни машини.

Властите очекуваат пикот на заразата да биде достигнат следниот месец.

-Тешко е да се предвиди и она што ќе го кажам земете го резерва заради тоа што тоа се некои претпоставки, некои проценки, некои математики. Можно е бројот на пациенти во нашата земја да достигне до 2.000, а пикот да биде за некаде еден месец од сега, вели Филипче.

Поврзани вести

Back to top button