Избор на уредникотМакедонија

ВО ЖИВО: Бегалците маршираат кон Европа, на неколку сати од Македонија (ВИДЕО)

Стотици мигранти тргнаа низ северозападна Турција кон границите со Грција и со Бугарија, откако еден турски функционер изјави дека Анкара повеќе нема да ги запира сириските бегалци на патот кон Европа, откако вчера 33 турски војници беа убиени во воздушни напади на сириската војска во Идлиб.

Турски функционер за Ројтерс изјавил дека на турската полиција, крајбрежната стража и на граничната полиција им било наредено да не ги спречуваат мигрантите и бегалците да се движат преку земја или море кон Европа, во очекување на нови бегалци од Идлиб.

Турската агенција Демирорен наведува дека околу 300 мигранти, вклучително и жени и деца, тргнале кон границата меѓу двете европски држави, Грција и Бугарија, до Турција.

Меѓу нив има Сиријци, Иранци, Ирачани, Пакистанци.

Мигранти се собрале во западна Турција за со брод да дојдат до грчкиот остров Лезбос.

Додека нивниот број растеше, Грција соопшти дека ја затвора границата со турција за да спречи мигрантите да нагрнат во земјата.

Поврзани вести

Back to top button