Избор на уредникотМакедонија

Преспанско изгуби две „дојрански езера“ (ВИДЕО)

„Се надевам дека оваа алармантна состојба на Преспанското езеро ќе ја согледаат сите и ќе ја дигнеме на едно високо ниво, ако треба и глобално, за да не ни дојде како ситуацијата во Унгарија кога Балатон пред 4 години доживеа еколошка катастрофа“ вели Наумче Ставрвевски, концесионер и загрижен за Преспанското езеро кој стравува дека Езерото може да исчезене.

„Со едно метро и деведесети ичетири сантими, ние сме изгубиле во кубикажа некаде околу две дојрански езера. Тоа е факт. Како го афектира рибниот фонд? Ако изгубите милиони кубици на вода, се намалува капацитотот на кислородот на водата и таа риба се однесува поинаку од пред четириесет години кога водата во Преспанското езеро била чиста“, вели Ставревски.

„Во ова езеро фаќаме некаде триесет години и колку иди, сега ни е се’ потешко. Се намали водата и поради тоа има многу струења на езерото и мрежите ни се полнат со трева и алги – рече Сеад Адемовски, рибар од с. Асамати, за ТВ Алфа.

Поврзани вести

Back to top button