Uncategorized
Аутистично момче починало од глад: Семејството му завршило во карантин, па немало кој да се грижи за него
7-годишник од руралниот дел на Кина, кој бил болен од церебрална парализа, починал откако неговото семејство било ставено во карантин.
Јан Ченг бил пронајден мртов шест дена откако неговиот татко и брат биле однесени од нивниот дом и биле ставени во карантин.
И двајцата имале симптоми на коронавирус, а Јан Ченг останал сам.
Бидејќи не можел да излезе од карантин, неговиот татко побарал помош преку кинеската социјална мрежа Веибо.
Локалните власти дошле да го посетат, но, наводно, го хранеле само двапати за шест дена.
Истрагата за смртта на младиот човек е во тек.