Интерактивна мапа: Тука може да го следите ширењето на коронавирусот од час во час
Со еден клик на црвениот круг, кој означува потврдено присуство на вирусот во одредена земја или регион може да се дознаат релевантните бројки за одбраното подрачје.
Експертите од Центарот „Џон Хопкинс“ изработија интерактивна карта на светот во која од час во час може да се следи ширењето на коронавирусот низ целиот свет.
Картата која можете да ја погледнете тука, овозможува да се следат сите клучни податоци. Односно, каде вирусот е потврден, колку случаи се потврдени, колку луѓе умреле, колку се успешно излечени, во кои земји е пронајден вирусот итн…
Според податоците на Центарот, вирусот се шири експоненцијално. Односно, една заразен личност во просек заразува две до три нови, при што самата не мора да ги има симптомите на болеста.
Податоците кои ги објавува „Џон Хопкинс“ доаѓаат само од релевантни извори, како што Светската здравствена организација, американскиот Центар за контрола и превенција на болести, Европскиот центар за контрола и превенција на болести и кинеските здравствени организации НХЦ и ДХУ.
Прочитајте и… Црвен крст: Подготвени сме да понудиме помош за настраданите од земјотресот во Турција
ФОТО: Принтскрин
Со еден клик на црвениот круг, кој означува потврдено присуство на вирусот во одредена земја или регион може да се дознаат релевантните бројки за одбраното подрачје.