Српската пејачка искрено:Моите продаваа лубеници за да можам да дојдам до Белград, но за инает на Карлеуша успеав
Младата српсата пејачка Александра Младеновиќ (25) никогаш нема да заборави што и предвиде Карлеуша пред неколку години.
Младата пејачка која денеска веќе има снимено и албум вели дека нејзината постара колешка ја навредила уште додека Александра се натпреварувала во „Ѕвездите на Гранд“.
– Ме погоди кога ми рече дека ќе бидам кафанска пејачка. На почетокот на натпреварот ме фалеше, а потоа почна да и пречи дека пеам песни од Цеца.Кога пред камери ме навреди, јас и реков дека ќе и докажам дека ќе успеам.
Пејачката не крие дека Цеца и е омилена пејачка и вели дека според неа, Цеца и Брена се најголеми ѕвезди.
Александра во интервјуто призна и дека за да дојде да живее во Белград нејзините родители продавала лубеници на пазар, а неколку недели таа јадела само ајвар и леб.
– Ми беше многу тешко на секое снимање идев со автобус, морав многу да шетаам за да имам за карта.Кога изнајмив стан во Белград имав само 400 евра и се сеќавам дека брзо останав без пари. Моите родители работеа змјоделие, продаваа лубеници за да имам пари за автобус до Белград. Додека почнам да работам се сеќавам дека јадев само ајвар и леб кој мајка ми го праќаше од село. Дојдов пред неколку години тука како потстанар, а сега имам свој стан, кола и албум, вели таа.
Пејачката нагласила дека после турнејата во Америка таа заштедила пари и прво што купила било стан во Белград.
А најголема желба за 2010 година и е да се омажи и да се оствари како мајка.