Македонија

Судијата Ставрев им вети на родителите на убиените во Монструм дека уште во 2018 година ќе се реши овој случај

Судијата Огнен Ставрев кој е судија и во случајот „Монструм“ и во случајот „ТНТ“ брза да го заврши случајот во кој треба да се пресуди на политичките опоненти на Зоран Заев, а целосно го запоставува случајот со свирепото убиство на 4-те деца и рибарот кај Смиљковско Езеро, пишува Курир.мк.

За случајот „ТНТ“ во декември беа закажани три рочишта, на 2, 18 и 24, а за „Монструм“ само едно – на 19 декември кое патем беше одложено.

Впечаток на јавноста е дека судијата Ставрев, иако вети брзо решавање на случајот Монструм уште пред речиси две години, сепак овој сериозен случај го запостави во целост за да побрза да разреши еден друг случај обременет со многу политика и контроверзи.

На почетокот на 2018 година, судијата Огнен Ставрев им вети на вознемирените и револтирани родители и роднини на жртвите од масакрот кај Смилковско Езеро: Јас можам да ви ветам дека ќе дадам се од себе овој судски процес со кој треба да дојдеме до вистината што се случи на 12 април 2012 година и кои се виновниците, да заврши до Нова Година (31 декември 2018 година).

Ставрев си го погази зборот. Веќе дојде и 2020 година, а решение за Монструм нема.

Обвинетите за свирепо убиство се на слобода и нивното судење е вратено одново со одлука на Врховен суд. Случајот Монструм го презеде СЈО од крајот на 2017 година, а надлежни обвинители беа Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. Обвинетите остануваат и во новото обвинение изготвено од СЈО, но останува нејасно како и судот и обвинителите овој долгогодишен процес го немаат доведено до крај.

Родителите на убиените се жалат дека не само судот, туку и премиерот Зоран Заев со години ги оставаат без одговор кој ги уби нивните деца.

Поврзани вести

Back to top button