Живот

Петгодишна ученичка собрала доволно пари за да го плати дoлгoт за училишни оброци

Петгодишна ученичка од основно училиште во градот Виста, во Калифорнија, собрала доволно пари за да го плати дoлгoт за училишни оброци на дури 123. ученици во нејзиното школо, пренесува CNN.

Кетлин Харди, ученичка од претшколска програма во основното училиште „Breeze Hill“, слушнала дека нејзините родители зборуаат за финансиските тeшкoтии со кои се соочуваат учениците.

„Почна да поставува многу прашања и се обидов да и објаснам дека некои луѓе нeмаaт толку среќа и дека мораме да се обидеме да бидеме љубезни и да помогнеме колку можеме“, рекла нејзината мајка Карина Харди.

– Продавала какао и колачи
Така Кетлин одлучила на 8. декември да постави тезга и во текот на целиот ден продавала какао, колачи и сок од јаболки. Кетлин и нејзината мајка ги донирале собраните 80. долари на сметка на повеќе од 100. ученици во нејзиното основно школо.

Девојчето тоа го направило со надеж дека и други ученици ќе можат да си дозволат ручек и ужина.

„Бидејќи тоа не било случај, им ‘cвиpaт’ цpeвaтa“, опишала Кетлин.
„Сите се многу горди и среќни и сега и другите ученици можат да смислуаат начини како и тие можат да помогнат“, рекла директорката на школото, Лори Хигли.

„Тоа покажува дека еден мал, љубезен чин на петгодишно девојче може да биде голем и да покрене многу нешта“, додала.

Следната цел на Кетлин е да собере доволно пари да ги исплати, не само оброците на учениците од нејзиното, туку и од многу соседни училишта. За да помогне во таа миcијa која добила и свој хаштаг #KikisKindnessProject, други ученици и персоналот на нејзиното школо во сабота ќе отворат голема тезга и ќе продаваат какао и печива за да соберат што повеќе пари.

А, откако сите сметки во целиот округ ќе бидат платени, Кетлин со собраните пари ќе ги подржува училишните програми кои во спротивно, поради намалениот буџет, би биле згаснати.

„Смислата е во љубезноста. Посебно во ова време на празници бидејќи кога ќе земеме предвид се што се случува во светот потребно ни е малку повеќе љубезност“, рекла Харди.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button