Избор на уредникотМакедонија
Графитите со говор на омраза во Чаир заменети со цртежи од ученици
Ученици и наставници по ликовно образование од основните училишта во Чаир денеска се вклучија во уметничко цртање на трафостаниците, што го организираа Општина Чаир и организацијата „Centre for Common Ground“.
– Учениците на деветто одделение на основните училишта во Чаир заедно со нивните наставници по ликовно образование ги избришаа графитите со говор на омраза и ги заменија со прекрасни уметнички дела. На ваков начин најдобро го промовираме мирот и ја стимулираме креативноста на младите за поубави населби, соопшти Општина Чаир.
Активноста се реализираше во рамки на проектот „Зајакнување на отпорноста кон насилен екстремизам на локалните заедници во Македонија” кој е поддржан од амбасадите на Велика Британија и Холандија.