Спречен терористички напад во Данска – дваесетина уапсени
Уапсените, соопшти полицијата, се обиделе да набават експлозив и огнено оружје.
Рациите беа спроведени под сомнение дека неколку лица планирале напад, соопшти данското разузнување.
„Наша проценка е дека мотивите на овие луѓе биле воено исламистички“, изјави Флеминг Драјер, началник на разузнувачката служба.
Полицијата не го објави точниот број на уапсените лица. Но, началникот на полицијата, Јирген Берген Сков, изјави дека некои од уапсените утре ќе се соочат со прелиминарно испитување под обвинение за тероризам.
„Ситуацијата сега е под контрола“, изјави Берген Сков.
Инаку, во Данска немало терористички напади од 2015 година, кога две лица загинаа, а шест полицајци беа повредени.
И покрај тоа, данската влада воведе привремени гранични контроли со Шведска оваа година по бомбата поставена во данската агенција за даноци во Копенхаген, што резултираше во апсење на тројца шведски државјани.