Свет

Грчките националисти ги пречекаа мигрантитe муслимани со свинско и алкохол

Иако на прв поглед селото Диавата во близина на Солун изгледа како едно мирно место за живеење, сепак може да се каже дека е главното упориште на крајната десница која настојува Грција да остане на Грците.

Токму во овој регион во близина на Солун избија и големи протести кога грчката влада започна да ги отвора првите бегалски кампови во екот на најголемата мигрантска криза, а Грција како Македонија и Србија беше една од главните транзитни точки.

Сепак, поголем дел од мигрантите останаа во соседна Грција, па жителите на Диавата им ги затворија училиштата на оние кои што побараа образование, додека чекаат да го продолжат својот пат кон западноевропските земји.

Деновиве новата грчка влада на Мицотакис започна со процесот на преселување на мигрантите на „копно“ од пренатрупаните кампови на грчките острови, а националистите и припадниците на крајната десница повторно одлучија да возвратат на таквите мерки.

Тие во близина на бегалскиот камп кој што практично е целосно населен од муслимани, организираа „мини фестивал“ на кој се служеше свинско месо на скара и се даваше бесплатен алкохол.

„Ова е нов и иновативен протест за да го изразиме нашето незадоволство од илегалните мигранти. Ваквата ситуација не смее да продолжи. Нашите домови и заедници се претвораат во гето и ние ќе се спротиставиме на тоа“, изјави Димитрис Зиамбидис, еден од организаторите и лидер на националистичката група Обединети Македонци, пренесува „Дојче Веле“.

Поврзани вести

Back to top button