Избор на уредникотСвет

Баба Монди: Терористите, кои се претставија како новинари беа уапсени на влезот на седиштето на Бектешката заедница

оглаварот на Бектешката заедница Хаџи Едмонд Брахамај (Баба Монди) изјави дека веста за планираниот терористички напад ја дознал во моментот кога ја одржувал церемонијата за празникот Султан Невруз.

Тој додаде дека му било кажано дека биле уапсени двајца организатори на влезот на објектот, со што било спречено да влезат и да го извршат нападот.

– Бевме на почетокот на одбележувањето на празникот, во март 2018 година, кога дознавме дека бил планиран терористички акт против нас и противниците на Иран. Бог не награди што не се случи ништо. Тие беа фатени на време, на влезот. И Помпео исто така рече дека нивна цел бил терористички акт во Албанија. Ова не е дел од верата, туку на луѓето кои сакаат да создадат судири. Исламската религија е религија на мирот, благосостојбата љубовта. Се молам на Бога да има што е можно помалку такви луѓе, изјави Баба Монди за тиранската телевизија Њуз 24.

Тој наведе дека двете уапсени лица се претставиле како новинари.

Баба Монди посочи дека нивната верска заедница, како и другите, соработувала со припадниците на секторот за антитероризам и оти сите верските заедници во Албанија ја дале својата поддршка на Владата во борбата против тероризмот.

На констатацијата на новарката дека во седиштето на Бектешката заедница често престојуваат членовите на МЕК (муџахедини кои се сместени во Тирана), тој истакна дека „тоа е божји дом, отворен за сите“.

– Тоа е Божји дом, отворен за сите, влезот не го забрануваме. Немате блиски односи со нив, бидејќи ние сме верски луѓе и немаме работа со политиката, исткна Баба Монди.

Тој на крај од разговорт упати порака:

– Мојата порака е да има што повеќе љубов, благосостојба и љубов, што помалку вакви акти, што не му припаѓаат на човештвото. Тоа е најниска форма на човештвото, порача Баба Монди.

Поврзани вести

Back to top button