Вознемирувачко видео: Еве како беше извршен терористичкиот напад во Индонезија
Најмалку десет луѓе се убиени денеска во серија на бомбашки напади на екстремистите во центарот на Џакарта, главниот град на Индонезија, што официјалните лица го нарекоа терористички акт.
Нападот се случил веднаш по заканата на екстремистичката „Исламска држава“ дека на Индонезија „ќе посвети посебно внимание“, соопштија агенциите.
Индонезиската полиција соопшти дека уапсила четири лица, кои се осомничени дека учествувале во денешниот напад во центарот на главниот град Џакарта, при што загинаа шест луѓе.
Нападот со бомби и огнено оружје е извршен врз кафуле на „Страбакс“ во една од најпрометните улици во центарот на Џакарта, на два километри од претседателската палата.
Локалните медиуми јавија дека биле регистрирани експлозии на шест бомби и повеќе пукотници од огнено оружје.
Според индонезиската телевизија ТВ1, меѓу загинатите има тројца полицајци и тројца цивили.
Полицијата соопшти дека најмалку еден бомбаш-самоубиец активирал експлозив што го носел на себе, додавајќи дека во нападот учествувале најмалку 14 екстремисти.
Според западни медиуми, полицајците застрелале најмалку четворица од напаѓачите.
Полицијата тврди дека убила пет терористи, но сѐуште не се сигурни дали се тоа сите напаѓачи. Освен терористите и тројца полицајци, убиени се најмалку два цивила, од кои еден бил холандски турист. Вкупно загинале најмалку десет луѓе.
Последниве недели во Индонезија владее зголемена вознемиреност поради најавите за можни терористички напади од страна на изламиситите, а полицијата презеде серија мерки против повеќе лица осомничени за поврзаност со џихадистичката група Исламска држава.