Директор со велосипед секој ден оди на работа, парите за службен автомобил ги пренаменил за дигитализација
Со одело и вратоврска веќе два месеца доаѓа на работа директорот на Државниот архив Емил Крстевски. Парите за службен автомобил од 30 илјади евра ги пренасочил за дигитализација и компјутеризација на документите во архивот за подобра транспарентност и достапност до граѓаните. Toj вели дека за 10 минути пристигнуваа на работа и со тоа го избегнува собраќајниот метеж.
„Ние доставивме барање до Град Скопје едно барање да ни постават 20-тина паркинг места за велосипеди. Од таму ни рекоа дека идната недела ќе ги постават. Тоа е еден ден работа не е никаков проблем. А ќе биде од голема полза бидејќи сега ги закачуваме по оградите што не е убава слика за Државниот архив“, рече Крстевски.
За да се увериме дека секојдневно директорот оди на работа ги прашавме и дел вработените. Tие ни потврдија дека и на состаноците за време на работно време оди со велосипед.
„Доаѓа со велосипед секое утро. Работните обврски доколку ги врши надвор од архивот со велосипед. Претпоставувам дека се снаоѓа така како што се снаоѓаме и ние. И јас возам велосипед од Кисела Вода се соочувам со препреки како и повеќето луѓе кои доѓаат со велосипед. До половина од патот нема велосипедски стази, половина за среќа имаме. Се снаоѓаме како сите“, вели Зоранчо Стојковски.
На оградата на дравниот архив наидовме и на други велосипеди. Од 100 вработени во оваа институцијаа 30 одат со велосипед на работа. Една од нив е и Венета која вели дека 29 години работи во Државниот архив и секогаш оди на работа со него.
„Не сум многу задоволна од начинот кој е организиран возењето на велосипед и патеки нема убави освен онаа која што е за рекреација. Низ собраќајот се движам. По улиците одам. Бидејќи стварно нема патеки да се движиш со велосипед тоа е голем минис. Насекаде во светот и Европа го протежираат велосипедот како примарно превозно средство“, вели Венета Камберска од Државниот архив.
Инаку пред неколку дека кога во светот се одбележа ден без автомобили во Македонија еден дел од политичарите иако го подржуваа настанот, тие дојдоа со службените возила. На прашање дали одат на работа со велосипеди тие велат дека далеку им е работното место и дека се возат само за викенди и рекреација.