Мехмети за Османи: Најубаво ќе беше и да отидеше до мала Речица за да побара конечно да биде поставено државното знаме
Замир Мехмети, поранешен активист на Шарената револуција, а сега советник на генералниот секретар на СДСМ, ја критикува акцијата која ја спроведе вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, кој во саботата ги обиколи институциите низ Скопје за да провери дали го спроведуваат законот за двојазичност и дали се поставени табли и на албански јазик.
„Убаво е тоа што вице премиерот за европски прашања оди во инспекција по институции за да види дали се спроведува законот за двојазичност.
Ќе беше уште поубаво ако текстот со видеото беа преведени и на македонски, пошто нели се залагаме за спроведување на закон..
А најубаво ќе беше и да отидеше до мала Речица за да побара конечно да биде поставено државното знаме, а не вака селективно да брка ситни политички поенчиња. Или се бориш за вистинско спроведување на закон, или вака си се брукаш себеси и партијата трето нема!“, напиша Мехмети на својот фејсбук профил.