Георгиевски жали што Македонија во негово време иако била „измеќар“ на НАТО и УЧК не била поканета на прослава
Поранешниот премиер и актуелен претседател на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски на својот Фејбук профил ги искритикува властите на Косово оти не поканија македонска делегација на прославата 20 години од влегувањето на НАТО- трупите односно од „денот на ослободувањето на Косово од српската власт“.
– На прославата по повод дваесет години од влегувањето на НАТО во Косово како што забележав немаше покането делегација од Македонија.Тоа е голем срам и за Косово но и за меѓународната заедница. Да се игнорира Македонија во нејзината улога на комплетната логистичка поддршка на НАТО интервенцијата, бегалската криза и последиците што ги имаше за нашата земја. Па дури и самиот крај: согласноста само преку Македонија да се влезе со копнена офанзива. А потоа ни вратија со воена агресија, напиша Георгиевски.
Актуелна е изјавата на екс премиерот Љубчо Георгиевски, иако таа како што вели тој не е нова, туку е стара повеќе од 8 години.
„Во последните денови излегоа повеќе текстови и видеа со мои изјави.Сакам да ве информирам дека во последната година не сум давал никаква изјава со историска проблематика.Сите видеа и изјави се стари повеќе од пет години а некои дури и триесет. Добро е што ги објавуваат некои медиуми само да не пишуваат дека се дадени вчера. А на тие што не им се допаѓа содржината нека се спротистават со факти а не со етикети“, напиша Георгиевски на својот Фејсбук профил.
„На кое училиште во Штип, Гоце Делчев беше директор? Одговорот е многу едноставен. Гоце Делчев беше учител и директор во Бугарското училиште во Штип. Тогаш немаше Македонски училишта, имаше Српски, Грчки Бугарски, е зошто Гоце Делчев избрал да биде директор во Бугарското училиште? И не само Гоце Делчев, и Дамјан Груев, Ѓорче Петров, Никола Карев, Пере Тошев, сите тие беа учители на Бугарските училишта во Република Македонија. Ние сами бегаме од некои работи кои се јасни ко два и два, вели Георгиевски во интервју дадено во 2012 година.