За оние кои бараат работа во странство: Овие земји нудат најдобри услови за висококвалификувани работници
Австралија, Шведска, Швајцарија, Нов Зеланд и Канада се добри опции за високо квалификуваните работници кои сакаат да емигрираат, се наведува во зивештајот на Организацијата за економска соработка и развој.
Тие земји нудат добри услови на пазарот на труд за високо квалификувани работници и одговарачко окружување, се наведува во извештајот.
Истата група земји, заедно со Новешка, но без Австралија, воедно е најпривлечна за претприемачите, се наведува во извештајот кој е направен во соработка со германската фондација Бертелсман.
ОЕЦД анализирал низа фактори во своите 36 земји членки, вклучувајќи ги можностите кои им ги пружаат на работниците, приходите и данокот, долгорочните можности, окружувањето за семејствата и квалитетот на живот.
За оние кои бараат терцијарно образование најдобри се Швајцарија, Норвешка, Германија, Финска и САД се наведува во извештајот. Израел, Јапонија и Турција можат да ги подобрат условите ако сакаат да привлечат високо квалификувани кадри.
Грција, Мексико и Турција заостануват во привлекувањето странски инвеститори поради неповолните услови, наведува ОЕЦД.