Свет
Три лица обвинети за трговија со човечки органи во Косово
Косовската полиција соопшти дека упасила три лица осомничени за трговија со човечки органи и клетки. Се работи за двајца странски и еден косовски државјанин, а акцијата се одвивала во селото Чаглавица, во близина на косовскиот главен град, Приштина.
Полициската единица и здравствениот инспекторат извршија контрола во приватна болница и запленија копии од лекарски досиеа и друга документација како доказен материјал. По налог на надлежен обвинител, трите лица се однесени во притвор.