МистерииТоп

Бил „мртов“ 45. минути а кога се повратилил открил неверојатно искуство (ВИДЕО)

„Ме фати за рака и ми рече: ‘Не е ова твое време, не треба да бидеш овде, мораме да те вратиме назад, имаш уште многу работи да завршиш’“

Камионџијата од Охајо го шокирал болничкиот персонал кога се вратил во живот, откако скоро еден час бил без пулс, по силен срцев удар, но тој тврди дека она што го видел во текотНеговата главна артерија била во целост блокирана, предизвикувајќи срцев удар. Лекарите во болницата успеале да ја отстранат блокадата, но тој повеќе од 45. минути немал притисок, немал пулс, немал отчукувања на срцето а откако се освестил и се ослободил од болката раскажал што му се случувало.

„Единствената работа на која се сеќавам е светлина кон која тргнав да чекорам. Одев по пат обложен со цвеќе кон светлината, се’ додека не наидов на мајката на мојата сопруга која неодамна почина. Таа беше најубавата работа која ја видов, изгледаше многу среќно, исто како првиот ден кога ја запознав. Ме фати за рака и ми рече: ‘Не е ова твое време, не треба да бидеш овде, мораме да те вратиме назад, имаш уште многу работи да завршиш’“, им рекол Милер на сопругата и на луѓето во болницата.
Среќен што се вратил меѓу живите, Милер сега вели дека за една работа е сигурен: „Постои задгробен живот и луѓето мора да веруваат во тоа“.

Поврзани вести

Back to top button