ЖивотИзбор на уредникот

Јована го победи ракот, па доплива до светиот крст-ги расплака сите!

Традиционалното обележување на Богојавление и пливање за светиот крст беше одржано и во Земун а токму таму крстот го извади Јована Лепосавиќ, 18 годишна девојка од Белград.

Повеќе од 200 пливачи пливале во Земун, а кога почнала трката , Белграѓанката Јована момчињата витешки ја пуштиле до крстот, пишуваат српските медиуми.

По завршувањето на „трката“ до светиот крст, осумнаесетгодишната Јована со насобраните ја споделила својата потресна животна приказна, кажувајќи дека го победила ракот и дека овој свет крст им го посвeтува на сите кои боледуваат од оваа болест и оние кои не се веќе меѓу нас.

На Јована, но и на насобраната маса и се насолзија очите за време на овој потресен говор.

Јована претходно играла фудбал во Црвена ѕвезда, а во 2015 и е дијагностициран тумор во пределот на карлицата. Таа е прогласена за еден од најталентираните голмани во Србија.

Јована е родена на 20 јануари 2001 година, а името го добила и по светецот чиј празник денес се празнува-Свети Јован Крстител.

Пари за нејзино лекување се собирани од разни хуманитарни настани, а после лавовската борба стигнале добри вести – Јована успеала да ја победи оваа тешка болест.

Девојчето се вратило во школо и на тренинзи, а слободното време им го посветува на хуманитарни организации по пат на кои се собираат пари за заболените.

Поврзани вести

Back to top button