Руски научници предупредуваат на опасноста од судар на Земјата со астероид
Астероидот Апофис (Apophis) би можел да падне на Земјата во 2068 година, а 2029 година ќе помине покрај Земјата на оддалеченост десет пати помала од оддалеченоста на Месечината од нашата планета, соопштија научниците од катедрата за небесна механика на Санктпетербуршкиот државен универзитет.
Научниците подготвија реферат на оваа тема за московската конференција за космонаутиката „Королевские чтенија” (посветена на познатиот руски научник Сергеј Королев).
Во тезите на рефератот што ќе биде претставен на конференцијата кон крајот на јануари се укажува на тоа дека „специфична карактеристика на овој астероид е тоа што е прецизно утврдено дека на 13 април 2029 ќе ѝ се приближи на Земјата на оддалеченост од 38 илјади километри“ (додека Месечината е оддалечена од Земјата 384 илјади километри).
Приближувањето ќе причини „значително поместување на можните траектории, меѓу кои и на траекторијата на приближувањето во 2051 година“.
„Овие резонантни поместувања содржат голем број (околу стотина) можни судари на Апофиса со Земјата, а најопасен е оној во 2068 година“, велат научниците.
Пред можниот судар со Земјата 2068 година астероидот ќе ѝ се приближи на нашата планета во 2044 година на 16 милиони километри, во 2051 на 760 илјади километри и 2060 на 5 милиони километри.
Претходно на можен судар со Апофис 2068 година предупредуваа и научниците од НАСА. Стручњаци са Хавајскиот универзитет и од Универзитетот во Пиза пресметаа дека веројатноста за судар во 2068 година не е поголема од 2,3 спрема милион.
Астероидот Апофис, со пречник од 325 метри, беше откриен во 2004 година. Откритието предизвика големо внимание, затоа што пресметките покажаа дека постои веројатност од 2,7% дека вселенскиот објект во 2029 година ќе се судри со Земјата.
Научниците потоа ја отфрлија таа закана, пресметувајќи дека на 13 април 2029 година астероидот ќе пролета на растојание од 37,6 илјади километри од центарот на Земјата.
Подоцна беше утврдено дека по приближувањето во 2029 година би можело да дојде до промена на орбитата на астероидот и дека сударот со Земјата би можел да се случи при следното приближување.
Рускиот научник Владимир Сурдин го нарече Апофис „новогодишна приказна за заплашување“.
Извор: Руска реч