„Семејството кое изобилува со деца, воспитани, научени на набожноста, скромноста и благочестието е редок и скапоцен бисер на чија убавина секој се радува“
„Семејството кое изобилува со деца, воспитани, научени на набожноста, скромноста и благочестието е редок и скапоцен бисер на чија убавина секој се радува. Ваквото семејство е извор на радост, љубов и утеха, дрво насадено на воден извор, чии гранки се разгрануваат до Царството Небесно. За жал, денеска во земјава, широки врати отвара лажната либерална слобода во која, покрај запрепастувачките и погубни ЛГБТ права, како единствени вредности се промовираат и т.н. „слободна љубов“ и „слободен брак“ кои го убиваат раѓањето на децата, зголемувајќи ја гордоста и мечтаењето за големи кариери, со што пак се убива меѓусебната љубов на сопружниците, без која во семејството не може да има меѓусебна грижа и почит“ вели меѓу другото во Божиќното обраќање Владиката Петар.