МакедонијаТоп

Секој директор ќе има заменик, тоа народот би го чинело 2 милиони евра

Владеачкото мнозинство предлага по скратена постапка да се донесе закон со кој во сите јавни претпријатија директорите ќе добијат заменици, кои ќе раководат со претпријатието во отсуство на директорите.

Во досегашното законско решение во отсуство на директорот се определувал вработен кој раководел со претпријатието.

Измените на Законот за јавни претпријатија е предлог на владеачкото мнозинство, а потписници се пратениците Александар Кирацовски од СДСМ, Реџаил Исмаили од ДУИ и Благоја Трпевски.

Неофицијално, според собраниски извори целта на новото законско решение е во сите јавни претпријатија каде има директори од СДСМ, замениците да бидат од ДУИ и обратно. Целта е, според нашите извори, ДУИ и СДСМ да си вдомат свои кадри на државна и локална сметка.

Финансиските имплликации за воведување на вакви позиции може да се претпостави дека би изнесувале околу 2 милиони евра годишно на товар на граѓаните на РМ, ако се земе во предвид дека во државата постојат 129 јавни претпријатија.

Поврзани вести

Back to top button