Градоначалник отпушти вишок администрација и од канцелариите направи градинка
„Година дена нè прозиваат дека нелегално сме го отпуштиле вишокот персонал од администрацијата, кои инаку се вработени спротивно на Педагошкиот стандард. Денес дојде судската пресуда за едно административно работно место што го укинавме. Судот вели дека сè сме спровеле во согласност со законот. По рационализацијата на административните места, ги скршивме и ги споивме сите административни канцеларии и направивме дополнителна просторија за уште една група деца“, напиша Праниќ.
Праниќ и пред неколку месеци беше присутен во медиумите, вели Индекс, поради кавгата со еден вработен што исто така го отпуштил. Службеникот на градската администрација го тужеше градот, но го загуби спорот. Отказот, рече судот, е легален.
„Денес добивме уште еден резултат од судски процес во наша корист, во кој бевме тужени од поранешен вработен поради откажување на договорот за вработување. Едноставно, вработениот во една градска институција повеќе беше по кафиња отколку на работното место. Тоа не го толериравме и на суд ја докажавме законитоста на поништувањето на договорот за работа“, напиша тогаш принципиелниот градоначалник на Вргорац.