На нашата планета уште еднаш и се приближува астероид налик на череп.
Астероидот 2015 TB145, кои многумина го викаат „комета на смртта“, ќе помине покрај Земјата на 11 ноември.
Иако астрономите првобитно на астероидот му дадоа прекар „Голема тиква“, многумина укажаа на фактот дека всушност личи на џиновски череп.
Инаку, првпат е забележан на 15 октормври 2015 година, само неколку недели пред да пролета близу Земјата, на 31. октомври, на Ноќта на вештерките. Во текот на таа средба 2015 TB 145 бил на оддалеченост од Земјата од само 1,3 лунарни оддалечености од Земјата, додека овој пат приодот е многу посигурен, 105 лунарни оддалечености.
„Патеката на 2015 TB145 добро ни е позната“, рече Пол Чодас, директот на Центарот за проучување на објектите во земјината близина уште од 2015 година. Се проценува дека астероидот со пречник од 700 метри, а иако можеби делува голем, всушност е толку мал, што нема никакво гравитациско влијание на Месечината или Земјата.
Нема опасност овој астероид да удри во Земјата, а ако тоа по некој случај би се случило, ударот би уништил помала држава, или би покренал големо цунами.
„Откривме дека објектот рефлектира околу 6 отсто светлина која ја добива од Сонцето, рече Вишни Реди од Планетарниот научен институт во Таксон, во Аризона.
„Тоа е слично на свеж асфалт, и додека овде на Земјата е доста мрачна, и натаму е посветол од типична комета, која рефлектира само 3 до 5 отсто од светлината. Тоа укажува на кометско потекло, но бидејќи не е видлива гасната обвивка, заклучок е дека се работи за мртва комета“, се наведвуа.
Следниот пат кога овој астероид ќе помине покрај Земјата ќе биде тоа во август 20127 година. А тогаш ќе помине на само една лунарна оддалеченост од Земјата (383.000 километри).