Првиот електричен автомобил на „Астон Мартин“ ќе има два мотора од 602 коњски сили
„Астон Мартин“ официјално потврди дека планираат да го претстават својот прв електричен автомобил во 2019 година. Моделот ќе се вика „Rapide E“ и сега се познати малку повеќе детали за неговите технички карактеристики.
Компанијата планира да произведе ограничена серија на моделот. Првата концептуална верзија на „Rapid E“ беше објавена пред четири години, но чекањето на навивачите на британскиот производител дефинитивно вредеше.
Според најновите податоци, електричниот автомобил ќе понуди максимална моќност од 602 коњски сили, што ќе го гарантираат две одделни ЕВ единици, според „DigitalTrends“. Основната верзија ќе понуди 5,9-литарски V12 мотор и литиум-јонска батерија со капацитет од 65 вати. Компанијата ветува дека може да се поминат 320 километри пред да мора да се наполни повторно возилото. Автомобилот, исто така, ќе има електричен систем од 800 волти, кој ќе го забрза полнењето со енергија.
Забрзување од 0 до 100 км/ч ќе биде за помалку од четири секунди, а максималната брзина ќе биде околу 250 км/ч. Ограниченото издание на луксузното возило ќе биде 155 парчиња. Ова е само првиот модел на новата EV серија на автомобили кои ќе бидат дел од брендот „Лагонда“.
„Астон Мартин“ планира да ги произведе во неговата фабрика лоцирана во Велс.