Избор на уредникотСвет

Срамно: Богатите дечиња ги викаат сиромашните „лидлчиња“

Кај децата во градинка во Хрватска во последно време е популарен погрдниот назив за врсниците чиишто родители облека и друг прибор им купуваат од големите маркети како што е Лидл, кој е познат како евтина шопинг дестинација. Богатите дечиња ги нарекуваат сиромашните „лидлчиња“.

Користењето на овој погрден назив од страна на децата во градинките засега е забележано само во Сплит. “Лидлчињата” се деца чиишто родители им купиле облека од истоимениот трговски синџир, но и сите други деца чиишто родители се со послаба имотна состојба.

-Децата не се свесни дека одредено однесување може негативно да влијае врз чувствата и самодовербата на другите, нивната емпатија не е изградена во толкава мерка, но ваквата класификација на другите деца според тоа дали облеката им е од некоја фирма или не, е загрижувачка кога станува збор за деца од таа возраст, објаснува негувателка од една сплитска градинка за Сплитски дневник.

-Можете само да си замислите како се чувствува детето кое така го нарекуваат, вели негувателката.

-Децата навистина знаат да бидат сурови. Предмет на подбив можат да бидат различни поводи како што е носење очила, клапнати уши, ако некој е невешт во активности како што се цртање, сликање или некои игри. Значи сите оние нешта кои во некоја мерка се очекуваат или можат да се предвидат, вели негувателката и им порачува на родителите дека мора да внимаваат каков пример им даваат на своите деца, бидејќи се што прават влијае на нивното однесување и психолошка состојба.

-Родителите малку нека размислат, па сите заедно да се потрудиме да ги научиме нашите деца на вистинските вредности, оти тие се нашата иднина, порача негувателката.

Поврзани вести

Back to top button