Тошо од К-15 во Австралија: Ништо не ми фали тука – И’ има се’ македонско!
Популарниот Васко Тодоров од К-15 веќе неколку години живее и работи во Австралија, па одговорил на неколку прашања за тоа што и колку му недостасува од родната Македонија…
Најмногу ми недостасуваат природните убавини, од кои што би ги издвоил, Охрид, кањонот на Радика, плоштадот во Скопје, Козјак, крстот во Аеродром, Пелистер, Галичица, крстот на Водно. Од сѐ што набројав дел се природни, дел се натприродни убавини! Вака во интервјуто за „Точка“ зборува Васко Тодоров, комичарот кој веќе неколку години живее во Австралија.
Гиро, хамбургер, пица и лазањи, а од пијалок, џин тоник и водка џус…Шала на страна ништо не ми фали, затоа што овде има се што има во Макеоднија: и македонски продавници и кафани со македонска храна, а посебно македонски пијалоци, барем тие мене што ме интересираат, а тоа е логично, затоа што мислам дека во последните години бројот на Македонците овде ништо чудно да е поголем од бројот на Македонците во Македонија! – вели Васко.
На прашањето дали би се вратил во Македонија, Васко едноставно одговорил:
Одамна си забранив било какво планирање затоа што секогаш кога сум планирал нешто испаѓало обратно! Мислам дека во Македонија да испланираш нешто и тоа да се реализира, спаѓа во научна фантастика! Моето искуство е такво и на сите што ги знам, секоја чест на исклучоците.
Целото интервју на „Точка“.