Избор на уредникот

Германска фирма „лови“ работници, само за сместување плаќаат 850 евра плус

Германската компанија „Konig“ бара работници во хрватскиот град Сплит.

Тие бараат млади и вредни работници, а поделија и материјали на кои пишува „Вашата нова работа во Германија“, пишува Слободна Далмација.

Но, стигнаа и првите заинтересирани, а се бараат електричари, работници за бродоградба, монтери, инсталатери за санитарија и греење и слично.

Плаќаат по 10,13 евра по час, а оној кој работи 170 часа месечно добива и 850 евра за сместување.

Појаснуваат дека за почеток можат тие да најдат сместување или работниците сами да се снајдат.

Познавањето на германски јазик не е задолжително, но ако личноста го знае јазикот, полесно ќе напредува.

Поврзани вести

Back to top button