Религија

Конечно – Папата Франциско: Веќе нема да се прикриваат сексуалните престапи

Папата Франциск им вети во писмо на сите католици дека веќе нема да се прикриваат сексуалните престапи во Католичката црква и ќе стори сè за да се спречат таквите појави.

Тој преку писмо одговори на неодамнешниот извештај од големата порота во американската држава Пенсилванија и рече дека тој документ главно се однесува на „нешта од минатото”, но јасно е дека злоупотребите „долго се игнорираа, премолчуваа или прикриваа“.

Неименуван официјален претставник на Ватикан изјави дека ова е првпат еден папа да пишува за сексуална злоупотреба врз сите католици во светот, кои ги има околу 1,2 милијарди. Во минатото, писмата беа испраќани до епископи или верници во одделни земји.

Пенсилваниската порота минатата недела ги објави резултатите од најголемата истрага за сексуална злоупотреба во Католичката црква во САД и утврди дека во последните 70 години во оваа држава сексуална злоупотреба на малолетници извршиле 301 свештеник.

Писмото на папата е објавено во време кога Католичката црква се соочува со скандали во врска со сексуалната злоупотреба во многу земји, вклучувајќи ги САД, Чиле и Австралија. За неколку дена папата ќе ја посети Ирска, која сè уште закрепнува од последиците од таквата криза.

Поврзани вести

Back to top button