Избор на уредникотСвет
Муслиманка од Шведска не сакала да се ракува на работа ,па доби судски спор
24 – годишната Фара Алхаџех од Шведска аплицирала за работно место преведувач. на крајот на интервјуто за вработување , поради верски причини одбила да се ракува со мажот кој ја интервјуирал.
Девојката , наместо да се ракува , ја ставила раката на срцето во знак на поздрав. Таа ја тужела компанијата , која не ја вработила , по што судот за работни односи денеска одлучи дека Фара била дискриминирана. Компанијата треба да и плати 40 000 круни обештетување, (4 350 долари) .
Таа се повикала на Исламот , според кој не смее да се ракува со припадници од спротивниот пол , освен со роднините. Народниот правобранител , кој ја застапувал Фара на суд се повикал на ,,важноста на државата да ја одржи заштитата на верските слободи.”