Македонија
Тетово центар на балканската проституција – Рација во локал на патот Тетово -Гостивар, приведени шест Албанки
Синоќа од 23 до 03 часот по полноќ, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, спровеле акциска контрола во угостителски објект, лоциран покрај автопатот Тетово – Гостивар, во Горно Седларце, сопственост на Б.Л. (48) од Тетово.
При контролата, во објектот биле затекнати девет женски лица, од кои шест државјанки на Република Албанија и три македонски државјанки. Странските државјанки на возраст од 20 до 27 години се приведени и задржани во Полициската станица Тетово, по што се предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.