Доживотен затвор им се заканува убијците на Саздо
Казна доживотен затвор им се заканува на тројцата осомничени за убиството на младиот Никола Саздовски. Обвинителството денеска информираше дека направиле преквалификација на кривичното дело со кое ги гонат осомничените, односно дека наместо за насилство ќе одговараат за Убиство извршено на свиреп начин од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.
За ова кривично дело е предвидена затворска казна од најмалку десет години затвор или доживотен затвор.
-По преземање на сите дејствија за утврдување на фактите во предметот против трите лица осомничени за кривичното дело извршено на 29 јуни 2018 година при кое почина лицето Н.С., Основното јавно обвинителство Скопје изврши преквалификација на кривичното дело за кое до сега се водеше истражната постапка.
Имено, наместо за кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, против тројцата осомничени ќе се води истражна постапка за кривично дело Убиство извршено на свиреп начин од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик, информираат од обвинителството.