Почина комитата Никола Саздовски – Според македонските власти не станува збор за убиство туку за насилство
Во текот на ноќта битката со животот ја загуби дваесетгодишниот Никола Саздовски – Саздо, член на навивачката група Комити, дознава Скопје Инфо. Тој минатата недела крвнички беше прететан во скопската населба Автокоманда. Пријателите на Никола преку социјалните мрежи се простуваат со него.
Никола Саздовски – Саздо, 20-годишно момче, дел од навивачката група ,,Комити”, беше минатата недела крвничнички претепан. Полицијата при информирање за настанот истиот го квалификуваше како „насилство“. Јавноста реагираше за настанот, а социјалните мрежи беа полни со револт и коментари.
Министерството за внатрешни работи информираше дека СВР Скопје поднел кривична пријава против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје за сторено кривично дело „насилство“. По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот биле лишени од слобода и одредена им е мерка притвор,
Доколку се направи споредба на овој случај со случајот на Села, во кој судот досуди неверојатни 81 година затвор за луѓето кои влегоа во Собрание, двојните аршини уште еднаш се покажаа како судска пракса на македонското судство.
После овој случај во јавноста од многумина се поставува едно единствено прашање, дали живот на Села вреди повеќе од животот на младиот Саздовски?