ВИДЕО: Погледнете како тепа американската полиција
Полициската станица во градот Меса во Аризона, објавила снимка од безбедносните камери на која се прикажани полицајци како немилосрдно со тупаници и клоци го удираат 33-годишниот Роберт Џонсон, па го фрлаат на земја и му ставаат лисици.
Снимката, која трае дури 20 минути и која подоцна била споделувана и по социјалните мрежи, почнува со излегување на еден полицаец од лифт, по што тој ги одвојува на страна Џонсон и 20-годишниот Ерик Рејес за да ги испрашува. Околу три минути подоцна, се појавуваат уште тројца полицајци кои го окружуваат Џонсон, иако не покажувал никакви знаци на потенцијална агресија. Сепак, треба да се земе во предвид дека видео снимката нема звук, па не е јасно кои зборови биле разменети.
Снимката од безбедносните камери потоа прикажува како полицајците му ставаат лисици на Џонсон, а потоа му ги врзуваат и нозете. На 11. минута, додека го насочувале кон лифтот, еден од полицајците почнал да му ја удира главата од вратата на лифтот додека се отварала. Потоа го фрлиле назад на земјата, каде лежел неколку минути.
Снимката се прекинува кога му врзале бел пешкир околу устата и го ставиле во лифтот. Според информациите, Џонсон подоцна бил обвинет за непримерно однесување и попречување, а полицијата ја повикала и жената која пријавила дека нејзиното поранешно момче Рејес се обидува да провали во нејзиниот стан. Рамон Батиста, началник на полицијата во Меса, објаснил дека Рејес се придржувал на тоа што му го наредиле полицајците, но дека на Џонсон била применета сила бидејќи не ги следел наредбите, и наместо да седне покрај ѕидот како што му било кажано, тој одлучил да клекне.
Батиста всушност не знаел за инцидентот за кој бил информиран дури една недела подоцна, кога неименувано лице ја споделило снимката. Отворил истрага по која четворицата полицајци привремено биле ослободени од дожност.
“Ова никако не ја прикажува целосната работа која секојдневно ја вршиме. Тие се човекови суштества и на прв поглед ова делува како грешка. Мојата и нашата работа е заедно да истражиме се и да добиеме одговори за тоа што точно се случило”, рекол началникот и додал дека не сакал да ја објави снимката за да го зачува контекстот на целиот инцидент.
“Тоа што го прикажува видеото е силно и сметав дека е од голема важноста да слушнете од мене како се чувствувам по повод случајот и што планирам да направам за да се погрижам ова да не се повтори уште еднаш”, додал тој.
Истрагата и натаму трае, а полициската станица во Меса во соопштение ја критикувала одлуката на Батиста да ја објави снимката, нарекувајќи ја ужасно непримерна, со оглед на тоа што истрагата уште не е завршена.