Македонија

Заев: Немам договор со Груевски за негово неказнување – Плата од 500 евра до крајот на 2019

Премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање,  отфрли дека има договор со поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за негово неказнување, истакнувајќи:

„Не може да постои неказнивост за никого, да не постојат казни и санкции за секој оној што се огрешил во однос на законот. Ова е мојот одговор на оние што велат дека сум се договорил со Груевски за неговата неказнивост. Отворете ги ушите и наслушувајте: ќе се случи правдата, нема да има ниту еден компромис, мора да има одговорност, па нека е и од свети СДСМ.“

Заев се осврна на досега сработеното од Владата предводена на СДСМ, но и на предвидените идни мерки коишто се во интерес на граѓаните.

„Уште во првите недели од мандатот донесовме мерки со кои ги намаливме трошоците на граѓаните. Ја укинавме радиодифузната такса и ја воведовме евтината тарифа на струјата, со што кај граѓаните останаа десетици милиони евра по основ на намалени трошоци. Законот за минимална плата ја отвори спиралата на раст на платитие. Околу 90.000 работници сега добиваат повисока плата, а просечната плата е зголемена и веќе е околу 24.000 денари. Дополнително, со новата мерка за државна помош на платите се отвора можност за зголемување на платите на уште 50.000 лица. Тоа ќе ја засили спиралата на раст на платите и верувам дека не до крајот на мандатот туку до крајот на 2019 година просечната плата ќе изнесува 500 евра“ рече претседателот Заев.

Поврзани вести

Back to top button